Dark Mode Light Mode

По пет кражби полицијата го фати разбојникот кој харал во Шуто Оризари и во Карпош

Уапсен е разбојникот кој извршил пет кражби и еден обид за разбојништво на подрачјето на скопските општини Шуто Oризари и во Карпош.

-На 17.11.2020 во 22.30 часот полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“ извршени во продажни објекти, игротека и аптека на подрачјето на Шуто Оризари и еден обид за разбојништво во аптека на подрачјето на Карпош, соопшти МВР.

Осомничениот при извршен разговор ги признал споменатите кривични дела, казниви по член 237 од Кривичниот законик.

Реклама

-Се работи на расчистување и на други кривични дела, по што против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира полицијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Крадци од Скопје оделе на „печалба“ во гостиварско

Next Post

Глас за Македонија: Бараме оставка од Владата, носители на пропадната политика немаат кредибилитет за нова национална стратегија

Реклама