Dark Mode Light Mode
Цените на горивата со ново поскапување
Вонредна инспекција: Има ли некој вина за смртта на 41-годишната пациентка во штипската болница?
Се отвори новиот пешачки мост кој беше наменет за панорамското тркало

Вонредна инспекција: Има ли некој вина за смртта на 41-годишната пациентка во штипската болница?

Ќе се расчистува случајот со смртна пациентка во Штип. Имено, Министерството за здравство информира дека во врска со 41-годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај.

Директорот на Клиничката болница Штип, д-р Ален Георгијев, исто така, побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентката.

Од МЗ велат дека по завршениот вонреден инспекциски надзор, јавноста ќе биде детално информирана.

Реклама

Инаку, јавноста дозна за овој случај по објавата на ќерката на починатата пациентка на „Фејсбук“ во која напиша дека нејзината мајка цел ден ѕвонела кај дежурните медицински лица и испраќала пораки дека ѝ е потребен кислород, но немало одговор.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Цените на горивата со ново поскапување

Next Post

Се отвори новиот пешачки мост кој беше наменет за панорамското тркало

Реклама