Dark Mode Light Mode

Нема нови превентивни мерки против корона вирусот, само апели

Без препорака за воведување на нови превентивни мерки завршил денешниот состанок на Комисијата за заразни заболувања. Од Министерството за здравство за медиумите потврдија дека членовите на Комисијата се согласиле дека во овој период не е потребно воведување на нови рестрикции.

Тоа значи дека засега останува апелот за целосно и доследно почитување на мерките што се во сила, како што се забрана за работа на угостителски објекти по 21 часот, забрана за групирање на повеќе од четири лица во текот на 24 часа, како и максимално почитување на протоколите на сите компании.

Воведувањето на новите мерки беше најавено како опција откако во изминативе денови пак имаше зголемен број на починати лица и на новоинфицирани од корона вирусот. Министерот за здравство Венко Филипче, во четвртокот изјави дека е потребно време барем од две недели, за да се видат извесни резултати од актуелните мерки.

Реклама

-Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викедот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд, изјави министерот Филипче.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Конечно, привршуваат работите на панорамскиот мост

Next Post

Котлар: Решиле тие „пет историски личности и три историски периоди“, небаре бавчата од татко им ја мереле и делеле

Реклама