Dark Mode Light Mode

Зошто дури сега кога изборите ближат се планира дотерување на шеталиштето во Порта Влае?

На десеттина месеци до локалните избори, Општина Карпош, односно нејзиниот Совет изгласа одобрување на проект за партерно уредување на пешачката зона кај платото „Порта Влае“. Веднаш потоа со соопштение општината објасни:

-Основниот проект е во завршна фаза на изработка, според кој ќе бидат реконструирани 14.380 квадратни метри. Просторот ќе биде корегиран, каде што ќе бидат поставени нови гранитни плочки и дополнителна заштитна хидроизолација, а ќе биде соодветно решено и одводнувањето на површинската вода од платформата. Поради обемот на работа, проектот ќе тече во две фази при што почетната е во април 2021 година, а конечната реализација се очекува да биде во август 2022 година, соопштуваат од таму.

Поздрав за ваквата одлука стигна од карпошани, но и забелешка: зошто се чекаше да дојде крајот на мандатот, пред избори, наместо толку мала и ефтина интервенција да се направеше многу порано?

Реклама

-Ако е во две фази, распределни временски и за 2022 тогаш ова е само популизам во најава, оти ако градоначалникот не биде реизбран ова нема ни да биде завршено! Зарем малку проекти пропаднаа оти ги почна едната власт, а за инает не ги доврши другата?!- коментира во електронската пошта на „Скопско ехо“ Мила Н. која живее во Карпош 4.

Но Карпош не е единствената општина која последниот период е „фрлена“ на уредување и работа. Изминатите месеци истовремено се прават сите клучни скопски сообраќајници, но и споредни улицчки,а градоначалниците ги полнат медиумските сандачиња со известувања, небаре прават некоја вонредна акција.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дваесет и пет починати и 1.064 новозаболени од коронавирус во Македонија

Next Post

Оправдувањето во стилот „сите го прават тоа“ е фатално во сообраќајот

Реклама