Dark Mode Light Mode

Каде замина, непречено излегувајќи од судот, Агим Исмаиловиќ обвинет во случајот „Монструм“?

Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот „Монструм“ денеска ја напуштил судницата откако обвинителската Фатиме Фетаи побарала да се стави во притвор заедно со обвинетиот Фејзи Азири. Исмаиловиќ ја напуштил судницата непрешен од никого и заминал во непознат правец наместо да се почека одлуката на Кривичниот совет по барањето на обвинителката Фетаи. Доколку Кривичниот совет го прифати барањето на Фетаи тоа ќе значи дека тој треба веднаш да биде ставен во притвор.

МВР попладнево потврдило дека полицијата го бара Исмаиловиќ по налогот на Судот. Тој, инаку, се брани од слобода откако во ноември 2017 година Врховниот суд ги укина првостепената и второстепената пресуда за петкратното убиство на млади момчиња и еден рибар во 2012 година кај Смилковското езеро. Исмаиловиќ како и останати пет обвинетри беа осудени на казни доживотен затвор во 2014 година.

За третообвинетиот Хаки Азири обвинителкта Фетаи побарала наместо како досега два пати неделно да се пријавува во суд, тоа да го прави секој ден. За Сами Љута останува истата мерка – да се појавува на суд двапати неделно.

Реклама

е ближи крајот на судскиот процес, а доказите не одат во прилог на обвинетите. Очекуваме дека врз основа на доказите, обвинетите ќе бидат осудени, рече Фетаи.

Во текот на расправата Исмаиловиќ негира дека има намера да избега и рече дека, доколку сакал да избега, тоа ќе го сторел кога му бил укинат притворот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Шилегов предлага новиот мост во Аеродром да го носи името на генералот Михајло Апостолски

Next Post

МВР го приведе Агим Исмаиловиќ кој од судот заминал непречено, а најден е дома

Реклама