Dark Mode Light Mode

Шилегов предлага новиот мост во Аеродром да го носи името на генералот Михајло Апостолски

Новиот мост на Вардар во Аеродром можно е да носи име на славен македонски генерал од Втората светска војна. Имено, такво нешто најави градоначалникот Петре Шилегов.

-Ќе ја преземам обврската да му предложам на Советот на Град Скопје новиот мост на Вардар во Аеродром, да го носи името на народниот херој, славниот генерал Михајло Апостолски. Тоа е мостот кој ќе го поврзе бул. АСНОМ со населбата Ќерамидница и ул. 16.Македонска бригада, најави Шилегов на денешното чествување на 13-ти Ноември, Денот на ослободување на Скопје.

-Драги наши ослободители, среќни сме што се уште можеме со особено внимание да ги слушаме вашите сведоштва за многубројните херојски борби, кои со нескриен слободарски дух се водеа на денешен ден пред 76 години низ овие наши скопски улици, пренесувајќи ги вашите спомени на новите генерации. 13 Ноември нас нè обврзува да го славиме вашето дело, но и да не заборавиме колку е скапа слободата. Нека ни е честит 13 Ноември и бескрајно Ви благодарам за 76 години слободно Скопје. Да славиме сите заедно уште многу години и никогаш да не згасне споменот на нашите ослободители, истакна градоначалникот Шилегов.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје го слави ослободувањето, Шилегов: 4.654 скопјани беа жртви на фашистичкиот терор

Next Post

Каде замина, непречено излегувајќи од судот, Агим Исмаиловиќ обвинет во случајот „Монструм“?

Реклама