Dark Mode Light Mode

По неколкуте тресења на земјата жители на Маврово денот го поминуваат надвор

По земјотресот од 5 степени, кој утрово ја разбуди Македонија, следуваа неколку афтершокови, кои беа почувствувани од населението во Маврово, Гостивар и околината.

-Се разбудивме и повеќето излегоа надвор. Се тресе цело време, па денот главно го поминуваме во дворовите. Луѓето што се дојдени од други градови утрово се вратија назад, раскажува за „Макфакс“ жител на Маврово.

За сега нема податоци за направени штети од земјотресот.

Реклама

Инаку, во ова подрачје беа регистрирани уште два земјотреса со јачина од 3,8 и 3,6 степени според Рихтер во временски период од еден и пол час, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Првиот земјотрес е со јачина 3,8 степени, а бил регистриран околу 12 часот на 18 километри југозападно од Гостивар.

Вториот околу 13.25 часот 3,6 степени според Рихтер е регистриран на 16 километри југозападно од градот.

Епицентарот на земјотресот од 5 степени е регистриран со епицентар во Леуново, во Мавровскиот Регион, на 15 километри од Гостивар.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нов земјотрес во 15.25 часот пак го затресе и Скопје: Се нишаа завесите...

Next Post

Заев: До вторник ќе се обидеме да постигнеме решение со Бугарија

Реклама