Dark Mode Light Mode

Уште кој наш човек не стана в.д. директор?

Владата не губи време, ударнички поставува нови директори по разните државни претпријатија. Ниту има конкурси како што бетуваше, ниту има… И „досетливо“ го прават тоа, поставените не се директори туку вршители на должноста директори и затоа не требало конкурс. Антикорупциската комисија ги опомена, ама…

И? Десетина новоименувани функционери, најчесто вршители на должности, а епилогот на обидот на државната Антикорупциска комисија да ја запре праксата на Владата. За само два дена, откако антикорупционерите јавно искажаа став дека треба да се запре ваквата пракса бидејќи назначувањето на в.д директори се користело само затоа некои лица да бидат поставени на функција, Владата покажа колку тоа и „значи“. Па така, истиот ден именува в.д. заменик во Агенцијата за стокови резерви, в.д. заменик на директорот на Државниот завод за статистика, го именува директорот на Агенцијата за иселеништво. Именувањата продолжија и вчера кога на владината седница се избра в.д. заменик директор на „Македонија пат“, в.д директор на Фондот за иновации, в.д директор на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, в.д директори на затворите во Идризово и во Куманово…

Уште колку ли ќе ги има?

Реклама

Значи, ставот, барањето на антикорупционерите на Владата воопшто не и е важно. Најважно било партиските кадри да се вдомат во некое од државните претпријатија, фондови, агенции, дирекции со добра плата. Така не беа ветувањата пре изборите. Тогаш се најавуваа избори на најдобри кадри, преку конкурси, преку нудење на најдобри програми за работа. Сега сето тоа се заборави и се продолжи по стара пракса на вдомување и трупање загуби во државните фирми.

На потег е сега Антикорупциската комисија која не треба мирно да го гледа ова и само да прави анализи од кои ќе се види дека некој кадар по шест-седум пати бил избиран за в.д. директор, а конкурсот секогаш заобиколен. Време е за реакција оти очигледно во Владата се распрашуваат по своите партии – има ли уште некој наш човек кого не го поставивме в.д. директор.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од компликации со Ковид-19 починаа 26 лица, новозаразени се 1.321

Next Post

Да не се заборава што Македонците направија во ноември

Реклама