Dark Mode Light Mode

Украден златен накит од починат пациент од корона вирусот во Штип

Златен накит е украден од починат пациент вчера на Инфективно одделение на штипската болница, информира полицијата.

Во соопштението до јавноста портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека вчера во 14:17 часот во СВР-Штип вработен од обезбедувањето во Клиничка болница-Штип пријавил кражба на златен накит од починато лице на Инфективно одделение при Клиничката болница Штип.

– Според пријавеното околу 14 часот на Инфективно одделение дошле вработени од погребално да го подигнат телото на починатото лице, при што го побарале златниот накит за да го предадат на фамилијата, но од страна на засега непознато лице накитот бил одземен, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Реклама

Полицијата веќе работи на расчистување на случајот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев: До вторник ќе се обидеме да постигнеме решение со Бугарија

Next Post

Украдено возило во Приштина пронајдено во с. Горно Количани

Реклама