Dark Mode Light Mode

Заев: Ова е прво непријатно чувство, ја имаме првата непријателска порака од Бугарија

Ја имаме првата непријателска порака и блокада од Бугарија за преговарачката рамка, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Toj рече дека Бугарија го прекршила Договорот за добрососедството меѓу двете земји.

-Ја имаме првата блокада од Бугарија. Денеска е прекршен тој Членот 2 од договорот, ние ништо до сега не прекршивме. Ова е прво непријатно чувство. Треба да бидеме паметни и да го решиме спорот на пријателски начин, денеска е испратена не така пријателска порака од соседна Бугарија првиот чекор е блокиран, нагласи  Заев.

Тој објасни дека членот два од Договорот за добрососедство вели дека Бугарија треба да не поддржува кон патот за интеграција.

Реклама

-Стои и тоа дека бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО. Среќен сум што ја имаме поддршката од страна на Германија, изјави Заев.

Заев сепак смета дека не треба да се прави драма иако како што рече испратена е неубава порака од бугарска страна. Премиерот е оптимист дека на следните два состанока на работните групи може да се приближат ставовите, а се надева и на позитивен исход од средбата со Борисов во понеделник.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Состојбата е сериозна - да не се излегува од дома без потреба, имаме одлични мерки

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче држи банални и бледи прес конференции и си продолжува со портпаролска работа

Реклама