Dark Mode Light Mode
Годишнина од легендарниот триумф: Кога Реал „падна“ пред МЗТ Скопје…
Мицкоски: Треба да почнеме да размислуваме за Влада за национален спас или техничка влада
Притворени седум лица, се тепале со што стигнат

Мицкоски: Треба да почнеме да размислуваме за Влада за национален спас или техничка влада

Она кое што денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа која што ја донесе Зоран Заев и на македонската нација и на граѓаните на Македонија без разлика на нивниот етнички состав и на македонската држава, оцени денеска Христијан Мицкоски, лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Коментирајќи ја блокадата од Бугарија што денеска Македонија ја доби, како и обвинувањето од страна на власта дека ВМРО-ДПМНЕ се виновни за корона кризата и протестите кои партијата ги организира, тој рече:

– Јас можеби и сум виновен за тоа што Заев бараше евро за Вицето и евро за нешто друго. Којзнае за што уште нема да бидам виновен ако го слушате Зоран Заев и тие малкумина кои што се уште му останаа лојални околу него. Но, шалата на страна, работата не е за шегување. Работата е многу сериозна. Доведена е до знак на прашање европската перспектива на Македонија под раководство на Зоран Заев. Поразена е неговата политика на свиткана кичма, очигледно е дека доволно не ја свиткал кичмата, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека гледаме што денеска ни се случи, очекуваме да нашите партнери од ЕУ го ревидираат нивниот став и веќе на министерско ниво или на премиерско ниво да го корегираат и Македонија без разлика дали оваа влада или некоја идна влада да го отпочне процесот на преговори со ЕУ.

Реклама

-Бидејќи тоа се вредностите во кои што ние веруваме, и тоа се вредностите кои што ние ги заслужуваме да ги споделиме со нашите сограѓани Европјани. Но она кое што денеска ни се случи е уште еден доказ за националната катастрофа која што ја донесе Зоран Заев и на македонската нација, на граѓаните на Македонија без разлика на нивниот етнички состав, и на македонската држава. И во име на тоа најчесно би било тој и неговиот тим на политичари веднаш да заминат, да дојдат луѓе кои што ќе ја креваат Македонија од оваа положба во која што тие ја донесоа. За тоа веднаш да ги напуштат позициите и да организираат предвремени избори на кои што би можеле граѓаните во термин во кој што нормално здравствените услови ќе дозволат да се случи такво нешто. Веднаш сега, можеби треба и да почнеме да размислуваме за една идеја која што ја почнаа од Алијансата за Албанците, а тоа е една Влада за национален спас, техничка влада или некој друг тип на форма, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Годишнина од легендарниот триумф: Кога Реал „падна“ пред МЗТ Скопје…

Next Post

Притворени седум лица, се тепале со што стигнат

Реклама