Dark Mode Light Mode

Филипче: Состојбата е сериозна – да не се излегува од дома без потреба, имаме одлични мерки

Состојбата е крајно сериозна, апелирам да се почитуваат сега мерките, да не се излегува од дома ако се нема потреба, само до маркет, работа или училиште…, порача министерот за здравство Венко Филипче на денешната конференција за печат. Тој повторно апелираше на максимално почитување на мерките.

-Вирусот е широко распространет, и најмало невнимание може да значи инфекција. Имаме одлични мерки, и на утринкиот состанок утврдивме дека дополнителни мерки, дополнителни рестрикции не треба да се прават во моментов. Здравствениот систем е максимално мобилизиран да одговори на предизвикот, рече министерот вели Филипче.

Министерот потенцира дека во последните неколку недели имаме буквална експлозија на корона вирусот, но не само кај нас, туку во Европа и целиот свет. 

Реклама

-Најголем предизвик се сместувачките капацитети и недостиг на кадар, а така е и кај нас, во моментот имаме активи 12.762 активни заразени, а процентот на оние кои им е потребен болнички третман е 7 отсто, односно хоспитализирани се 890 заразени. Целата зграда на клиниката за интерни болести ќе биде наменета за Ковид пациенти. Целосно исполнети се Инфективната клиника и модуларната болница.  Се активираше планот за интерните клиники, поради напливот на пациенти, рече Филипче.

Според него, во моментот се уште нема потреба за активирање на приватните болници, односно таму да се сместуваат заразени пациенти, на товар на фондот. Информира дека стигнаа сите вакцини за грип кои ќе се дистрибуираат за време на викендот а вакцинацијата ќе почне во вторник.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Нивите на Шилегов среде градот...

Next Post

Заев: Ова е прво непријатно чувство, ја имаме првата непријателска порака од Бугарија

Реклама