Dark Mode Light Mode

Должник сакал да пука во доверителот и неговиот адвокат, се бореле на подот

 Обид за убиство на две лица со умисла е причина за спроведување на истражна постапка против едно лице која ја наредило Основното јавно обивнителство од Гевгелија. Во соопштението се наведува дека настанот се случил на 29.10.2020 година кога во канцеларија на извршител во Гевгелија лицето се сретнал со две лица по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на негов долг.

-Додека траело излагањето на оштетениот- адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот- лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот, по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот, се наведува во инфорамцијата на Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител до Судот достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот кој е прифателн од страна на судијата на претходна и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од 30 дена.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Министерство за здравство: Донацијата од 13.000 брзи тестови ќе се користи по болниците

Next Post

Нови 565 заразени со Ковид-19, починале дури 21

Реклама