Dark Mode Light Mode
Трипати повеќе напади врз новинари годинава во споредба со лани
Дивиот пазар кај „Пролет“ работи турбо пред носот на државниот инспекторат, пред полицијата…
Самостојна изложба на Иван Ивановски се отвора вечерва во МКЦ

Дивиот пазар кај „Пролет“ работи турбо пред носот на државниот инспекторат, пред полицијата…

И годинава како и лани дивиот пазар царува под подвозникот во близина на амбулантата „Пролет“, на булеварот Трета македонска бригада. Буквално од двете страни на улицата можете да најдете по неколку камиони со пиперки, домати, праз, се што ви треба за зимница, но и воопшто секаков тип на овошје и зеленчук.

Дивиот пазар е проблематичен по неколку основи, за што граѓаните од зградите во околината реагирале неколку пати:

– Се создава метеж од автомобили на булеварот, едни застануваат, купуваат, други не може ни да поминат, а е раскрсница и e хаос;
– Честа е сликата кога на само 50-тина метри подолу се полицајците за контрола на возачите, и пред чии очи со полна пареа работи пазарот;
– Продавачите доаѓаат од друг градови, најчесто од Струмица, па остануваат тука и спијат во камионите, а тука и вршат нужда, па реата се шири во околината, но е и многу блиску до болницата, каде се вршат и тестирања за ковид;
– Продавачите никогаш не носат маски, опасноста е голема;

Реклама

Барањата се реални, особено ако се има предвид дека деновиве во главниот град се одбележуваат „Денови на европско Скопје“. Ама на очајните реакции на околните жители не реагира ни Град Скопје, ни градскиот инспекторат нити државните инспектори за храна чии канцеларии се буквално, позади еден од камионите. Да не заборавиме дека на следната крстосница има и голема полициска станица.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Трипати повеќе напади врз новинари годинава во споредба со лани

Next Post

Самостојна изложба на Иван Ивановски се отвора вечерва во МКЦ

Реклама