Dark Mode Light Mode

За една недела во Центар изречени се казни за 293 нерописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 293 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 26.10. до 01.11.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 139 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 154 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Удрил со автомобил во ѕид, возилото се запалило - возачот починал

Next Post

Се заканил на продавачка: „Дај ги парите, ќе те убијам“, а и на друго место украл пари  

Реклама