Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица не се откажуваат, бараат формирање посебна комисија за пандемијата

Бараме формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија, суштина е на денешниот предлог кој во македонскиот парламент го поднесоа опозициските партии. Во соопштението кое го достави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека пратениците од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ заедно со останатите опозициски партии, Алијанса и Алтернатива, како и Левица, поднеле Предлог – закон за дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, во редовна постапка.

Во соопштението се потсетува дека пред неколку денови овој ист Предлог – закон бил поднесен до Собранието во скратена постапка, но владеачкото мнозинство и нејзините пратеници ја одбија потребата од брзо носење на овој Предлог – закон по скратена постапка.

-Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со останатите опозициски пратеници нема да се откажеме од потребата за донесување на ова важно законско решение и токму затоа овој пат апелираме до владеачкото мнозинство и Владата, детално и суштински да го разгледаат овој Предлог – закон и истиот да го прифатат. Имено, со Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, бараме формирање на посебна Комисија за заштита и справување со пандемија или епидемија, која ќе биде формирана од страна на Собранието на Република Македонија и ќе треба да допринесе за ставање под контрола на ситуацијата со Ковид-19 која што очигледно од ден на ден се повеќе се влошува. Составот на Комисијата ќе биде на предлог на Владата, а го избира Собранието на Република Македонија. Истата се предвидува да биде составена од 11 члена, во која по функција ќе членуваат, министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови би биле, тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист, велат од пратеничката група.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Левица: Образованието бара брзи и функционални решенија, но власта...

Next Post

Министерство за здравство: Донацијата од 13.000 брзи тестови ќе се користи по болниците

Реклама