Dark Mode Light Mode
Скопје е сериозно ранет град
Во Велес превентивно затворени јавните детски игралишта и детските забавни паркови
Затворени два угостителски објекти, работеле и после 23 часот

Во Велес превентивно затворени јавните детски игралишта и детските забавни паркови

Општинскиот штаб за заштита и спасување на својата последна седница во петокот одлучи превентивно да  бидат затворени и јавните детски игралишта и детски забавни паркови во Велес. Целта на оваа одлука, како што информира градоначалникот Аце Коцевски, е да се спречи групирање и пренесување на вирусот Ковид-19 кај младите и нивните најблиски – родители, баби и дедовци кои одат со нив во детските забавни паркови, а со тоа и да се заштити нивното здравје.

Тој ја оцени како крајно алармантна состојбата со Ковид -19 во Велес и апелира до граѓаните да ги почитуваат превентивните меки за заштита со цел да се спречи ширењето на заразата и да се сочува здравјето на граѓаните.

Бројот на активни случаи во Велес и велешко од ден на ден расте и до вчера попладне тој број изнесува 383. Вчера беа регистрирани 50 новозаболени, а завчера рекрдни 83 новозаболени со Ковид-19.

Реклама

За десетина дена на Инфективно одделение починаа 15 пациенти што е најмноги од почеток на епидемијата од кога досега се почината вкупно 29 пациенти од Велес и велешко.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје е сериозно ранет град

Next Post

Затворени два угостителски објекти, работеле и после 23 часот

Реклама