Dark Mode Light Mode

Скопје стана Ломбардија, зошто се чекаше 8 месеци за кампања за носење маски?

Владата денеска почнува со кампања за носење маски. Сите функционери веќе ги менуваат своите слики на Фејсбук профилите со такви на кои тие се со маски. Името на кампањата е #НосамМаска.

-Целта ни е да се подигне свесноста за тоа колку е важна заштитата од коронавирусот. Носењето на заштитни маски на отворен и во затворен простор е општо прифатена мерка за заштита во цела Европа. Тоа е засега наједноставен и најсигурен начин да се спротивставиме на пандемијата, соопштуваат од Министерството за здравство.

Одлуката за кампања после 8 месеци од старт на пандемијата, од вчера е нова инспирација за граѓаните на Македонија за досетливи, иронични и лути критики. Револтирани се што токму сега се прави владин Пи Ар- како што велат- за носење маски:

Реклама

-После 8 месеци вие сега се сетивте на кампањава?

-Изминатата половина година се чудеа дали треба дали не треба да се носат маски… Потоа едвај направија терен за да се носеле маски на отворено, а сега, после 8 месеци од старт на пандемијата, кога Скопје е како Ломбардија власта прави реклама за носење маска?! Изгледа сме, што би рекле старите, од сите вери надвор… пишуваат граѓаните на Фејсбук.

Детали нема околу финансиските средства неопходни за кампањата, но дали можеби не беше подобро тие пари да се потрошат за бесплатни маски, оти не секој човек може да си купи? За тоа луѓето уште чекаат објаснување, бидејќи е ветено уште во 2018 година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Затворени два угостителски објекти, работеле и после 23 часот

Next Post

Од денеска до 6 ноември три изложби во Кинотека

Реклама