Dark Mode Light Mode
Скопје стаса до 4.862 активни случаи на вирусот, Аеродром до 847...
Во поликлиниката во Ѓорче Петров почна брзото тестирање, за термини ќе се чека со денови
16-годишник со „БМВ“ удри во ѕид, совозачот тешко повреден

Во поликлиниката во Ѓорче Петров почна брзото тестирање, за термини ќе се чека со денови

Во поликлиниката во Ѓорче Петров од утринава почнало тестирање на граѓаните со брзи тестови за корона вирусот. Првите пациенти веќе ги примиле резултатите од тестирањето, по што оние граѓани кои ќе излезат со позитивен резултат нема да имаат потреба да прават дополнителен ПЦР-тест. Но, оние граѓани чиј тест ќе излезе негативен, но имаат симптоми ќе бидат упатувани да прават ПЦР-тест. Ова тестирање чини 1.000 денари бидејќи тестовите биле набавени преку тендер.

Од управата на поликлиника изјавија дена интересот за брзото тестирање е огромен и први слободни термини има за неколку дена. Директорот на Здравствениот дом Скопје минатата недела најави дека граѓаните закажувањето за тестирање ќе треба да го извршат на телефон 2041-625. Нашиот денешен обид на овој телефон да добиеме информации за први слободни термини остана безуспешен бидејќи линијата беше постојано зафатена.

Денеска треба да пристигне донација од 13.000 брзи тестови, кои се најнова технологија, со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето. Здравствените власти изјавија дека овие тестови нема да се наплатуваат од граѓаните.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Скопје стаса до 4.862 активни случаи на вирусот, Аеродром до 847...

Next Post

16-годишник со „БМВ“ удри во ѕид, совозачот тешко повреден

Реклама