Не стивнува зголемувањето на бројот на активните случаи од корона вирусот во скопските општини. Аеродром е најголемо жариште во кое бројот на инфицираните лица вчера стаса до 710 случаеви, најмногу до сега. Се зоглемува бројот на позитивните случаеви и во Карпош и Центар со 580, односно 535 активни случаи.
Ситуацијата не е подобра ниту во Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров, каде во моменотв има 492, односно 467 и 324 случаи.
Во Ѓорче Петров има 324 активни случаеви, во Бутел 186, во Чаир 180, Шуто Оризари – 35 и во Сарај – 29.
Во останати општини во поширокиот скопски регион состојбата е следна : Студеничани – 14, Арачиново – 8, Илинден – 66, Сопиште – 35, Чучер Сандево – 20, Петровец –24, Зелениково -10, Странец – 22 и Нераспределен- 91.
Бројот на активни случаи во земјава изнесува 7 963, а речиси половина – 48 проценти од нив се во Скопје – 3 828.