Dark Mode Light Mode

Пендаровски: Секоја добронамерна критика и издржан предлог околу пандемијата се добродојдени

Ситуацијата со Ковид-19 е исклучително сериозна, а за да се истрае во борбата потребна е одговорност, меѓусебна солидарност и претпазливост, изјави по седницата на Советот за безбедност Стево Пендаровски, претседател на државата.

Советот за безбедност денеска како единствена точка расправаше за состојбата со ковид-19 и мерките за справување со вирусот.  

-Во отсуство на вакцина или лек, нема друга алтернатива освен почитување на мерките. Ситуацијата не се подобрува, секој ден има се повеќе заболени и починати. И најразвиените земји тешко излегуваат на крај. Не сакам да барам оправдување за секој потег на нашите власти, но во однос на сетот на мерки, не постојат мерки што се препорачани од СЗО и што ги применуваат другите земји, а да не се применуваат кај нас. Главнината е иста, разликата е само во нивото на почитување од страна на граѓаните и имплементација од институциите, рече Пендаровски.

Реклама

Тој потенцира дека ситуацијата не треба да се користи за собирање на политички поени.

-Не очекувам ситуацијата да се користи за добивање на политички поени, бидејќи сите сме губитници. Посебно сакам да нагласам дека ниту во Владата, ниту во Министерството за здравство, ниту во Комисијата за заразни болести, не е собран сиот ум, затоа секоја добронамерна критика, издржан предлог, е добродојден. Сите корисни идеи и предлози да бидат прифатени, порача Пендаровски.

Тој додаде дека на седницата не било отворено прашањето за прогласување на вонредна состојба.

-Сега имаме функционален парламент и Влада и тие може да ги носат сите одлуки, рече претседателот. И понатаму мислам дека вистинско место за дискусија на таа тема треба да биде Парламентот, порача Пендаровски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

РСБСП: Засилените сообраќајни контроли треба да се континуирани

Next Post

Оливер Спасовски префрлен на Инфективна клиника, имал висока температура

Реклама