Dark Mode Light Mode

Најмногу заразените од вирусот се лица меѓу 30 и 39 години

Меѓу 3.410 лица кои се заразиле во периодот од 19 до 25 октомври најголем број се оние стари од 30 до 39 години, покажува неделната анализа на Институтот за јавно здравје.

-Најзастапена е возрасната група на лица на возраст 30-39 и имаше 750 инфицирани, а голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од над 60 години – 673, 40-49 години – 632, 50-59 години 595, и 20-29 години – 539. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 години – 72 и 10-19 години – 149, соопштуваат од Министерството за здравство.

Бројот на новоинфицираните е за 5,9 проценти поголем во однос на седумдневниот период пред сега анализираниот. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 1.654. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 24 проценти. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.695 (49,7 отсто) лица од женски и 1.715 (50,3 проценти) од машки пол.

Реклама

Пријавени се 84 смртни случаи од 24 градови, зголемување од 71,4 отсто во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 70 лица биле над 60 години, 13 лица на возраст од 50-59 години, три смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 20 во возрасната група од 30-39 години. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пожар помеѓу Шилегов и пожарникарите

Next Post

Мртов 54-годишник пронајден во куќа во Гази Баба

Реклама