Dark Mode Light Mode

Пожар помеѓу Шилегов и пожарникарите

Без договори, со тензии мина денешната средба меѓу скопските пожарникари и градоначалникот Петре Шилегов за да се реши проблемот со редовната исплата на додатокот за опасност при работа. На средбата се слушнаа и меѓусебни обвинувања и партиски етикетирања но, на крајот, не се најде решение.

– Овој проблем е стар повеќе од 15 години, мапиран е и лоциран е, направена е работна група, се вршат измени во Законот за пожарникарство, коишто треба да стапат на сила во јуни 2021 година, каде што дел од барањата што ги имаат пожарникарите ќе добијат законски основ. Во меѓувреме секој од пожарникарите, по своите поединечни тужби ги добива надоместоците, односно Градот им ја врши исплатата. Со цел да помогнеме да се забрза тој процес или да има законски основ да ги исплаќаме, ние нудиме во тој процес да влезе и медијација, со цел некаде во јуни месец 2021 година, кога ќе стапи на сила Законот, едноставно до тогаш да не бидат пожарникарите оштетени, изјави Шилегов по средбата со пожарникарите.

На самата средба, тој во еден момент им порача на пожарникарите дека ќе ги замени со нови.

Реклама

-Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари. Законски основ за исплата на тоа што го барате, засега нема. Треба да се смени законот во јуни 2021. Порано не може, рече градоначалникот.

Преставник на пожарникарите Дејан Исајовски рече дека тие не се задоволни со предлогот на градоначалникот.

-Проблемот со нашите тужби ќе се решава со медијација. Тужбите не се решение за нас. Ние сакаме да ни се регулира платата, тој надомест да влезе во неа и траа да тече како таква секој месец. Не ни е прифатливо да чекаме на законски измени до 2021 година. Шилегов е веќе три години на власт, беше запознаен со овој проблем и имаше време да го реши. Од јануари тој може да влезе во предизборна кампања и не знаеме дали ќе може да го регулира ова прашање, рече Исајовски.

Тој најави дека од денеска и во секој нареден ден во текот на работното време на градоначалникот, пожарникарите ќе протестираат пред наговиот кабинет во Градот Скопје. Но, ќе има дежурни пожарникари за интервенции.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Денешна панорама од Скопје, ама градот и Шилегов ги нема

Next Post

Најмногу заразените од вирусот се лица меѓу 30 и 39 години

Реклама