Dark Mode Light Mode

Скопските пожарникари на протест во базата во Автокоманда

Протест поради неисплаќање на надоместокот за опасност при работа одржуваат денеска скопските пожарникари во централата на Бригадата за противпожарна заштита во скопска Автокоманда. Пожарникарите уште пред 18 месеци добиле судска пресуда дека треба да им се исплаќа овој надомест но Градот Скопје се уште не го вметнува во платата.

Како што информираше за МИА членот на иницијативниот одбор Дејан Исаевски на 18 октомври до Градот испратиле барање во платата за октомври да биде внесен додатокот и во рокот кој го дале од пет дена не добиле одговор од градските власти.

– Затоа одлучивме денеска да се собереме на мирен протест, како што доликува на најхуманата и најопасната професија и да го искажеме нашето незадоволство. Сакаме уште еднаш да упатиме барање до таткото на градот, во текот на денешниот ден да ја разгледа можноста и да нареди израмнување и корекција на платата со надоместокот од судските пресуди, истакна Исаевски за МИА.

Реклама

Тој најави дека доколку до крајот на денот не добијат позитивен одговор, утре ќе протестираат пред седиштето на Град Скопје. Од Иницијативниот одбор информираат дека дежурната чета со полн капацитет ќе биде во бригадата во извршување на задачите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Завршена е клупата со скулптурата на Горан Стефановски, се чека кога ќе може да се седне со него

Next Post

Караџовски: Бараат оставки од нас, а ние од Комисијата сме чисти како солза

Реклама