Dark Mode Light Mode
Заев двојно го намали бројот на советниците, ама пресолено ги плаќа
Завршена е клупата со скулптурата на Горан Стефановски, се чека кога ќе може да се седне со него
Скопските пожарникари на протест во базата во Автокоманда

Завршена е клупата со скулптурата на Горан Стефановски, се чека кога ќе може да се седне со него

Завршена е изработката на клупата со скулптура на познатиот македонски писател Горан Стефановски, но заега нејзиното поставување во скопско Дебар Маало е неизвесно заради пандемијата на корона вирусот. Веста дека е завршена изработката на спомен-обележјето на култниот писател синоќа на Фејсбук ја објави неговиот син Игор Стефановски.

-Клупата на Горан Стефановски е сосема готова! Едвај чекам да си дојде на своето предвидено место и да можеме да си седнуваме на неа со него. Е сега, не се знае кога ќе имаме можност да се собереме во Дебар Маало за поставувањето, ама важно е готова, напиша на неговиот син Игор Стефановски.

Тој воедно информира дека е формирано и Здружение на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски.

Реклама

-Целта на Здружението е едноставна: опусот на Горан да биде секогаш на дофат, во различни форми (и дигитални), дека тој не пишуваше само драми и не мора да си академик за да го разбереш. Би сакале бар едно нешто од него постојано да биде во книжарниците во нашата земја, бидејќи тој е еден од оние кај нас кои го заслужуваат тоа. Доста беше ситуација во која Диво Месо се чита во гимназија, а ја нема никаде да се купи како лектира. Тоа е таква балканска Кеч22 ситуација — баш таквите него го фасцинираа и го инспирираа. Памтам дека средношколци редовно ни тропаа на врата барајќи копија од драмата, и кога веќе немаше за давање, татко ми почна да им кажува: прашај ја учителка ти зошто немаат тие да ви дадат…, пишува Игор.

Поставувањето на клупата во негово омилено место во скопско Дебар Маало беше планирано за 27 април, на неговиот роденден. Но, тоа мораше да се одложи. Стефановски е роден на 27 април 1952, а почина на 27 ноември 2018 на 66 години. Лани, на 27 април во негова чест беше засаден чинар во триаголниот парк спроти кафеаните „Наџак“ и „Идадија“. Тогаш, претседателката на Советот на Општина Центар Јана Белчева најави дека покрај дрвото ќе биде поставена метална клупа, во човечка големина ќе биде излиена неговата фигура како седи на клупата и на неа ќе има место за секој што сака да седне.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Заев двојно го намали бројот на советниците, ама пресолено ги плаќа

Next Post

Скопските пожарникари на протест во базата во Автокоманда

Реклама