Вчерашниот црн биланс со 22 починати од корона вирусот за само едно деноноќие во Македонија беше и најтежок и најголем во споредба со она што беше вчера забележано во земјите во регионот. Во сите земји околу нас, според податоците, имаше двојно, тројно помалку починати пациенти отколку што тоа е забележано во Македонија.
Така, на пример, најмногу починати пациенти од корона вирусот вчера се забалежани во Босна и Херцеговина – 11 при што во оваа земја имало 1.135 новозаразени лица. За едно починато лице помалку бил биланс во соседните Грција и Бугарија, при што овие земји имале 790 односно, 327 новоинфицирани лица. Во Хрватска, пак, бројот на починати изнесуваше 8 на списокот на новозаболени е проширен со уште 2.421 лице. Билансот на починати во Словенија вчера беше 5, а на нови случаеви 1.673 додека во Албанија 4 со 299 новозаразени. По тројца починати се забележани во Србија и во Црна Гора со 614, односно, 168 нови случаи.