Dark Mode Light Mode

Шилегов: Бројот на казни и опомени се зголеми најмалку двојно

Град Скопје и сега е подготвен да ја преземе надлежноста за целокупниот инспекциски надзор во доменот на надлежностите на локалната самоуправа на територија на целиот град, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој учествуваше на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што се одржа во салата на Советот на Град Скопје.

– Она што треба јавноста да го знае е фактот дека се подготвува меѓуопштински договор кој до крајот на овој месец треба да го потпишеме заедно со 10-те скопски општини преку кој ќе се изврши централизирање на инспекцискиот надзор на територијата на главниот град, под капата на Град Скопје. Во тек е финално усогласување на ставовите кое ќе резултира со конечен предлог. Целта на ова е да се избегнат случаите каде што некој може да помисли, а камоли да започне да гради дивоградба во центарот на Скопје, каков што беше случајот со дивоградбата кај „Мавровка“, потенцира скопскит градоначалник.

Тој додаде дека некои навики од минатото кои по инерција се случуваат кај поединци, но она што е позитивно за разлика од минатото, е фактот што сега постои политичка волја на сите релевантни субјекти да се спречи ваквото урбанистичко дивеење.

Реклама

Градоначалникот се пофали дека бројот на казни и опомени во различните области откако е тој на чело на градот и во кои Град Скопје има надлежности се зголемени најмалку двојно.

-А во зависност од годината и областа, некаде се и неколкукратно зголемени – рече Шилегов.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

40 отсто од скопјани сметаат дека општинските инспектори се во маѓепсан круг

Next Post

Конечно се огласи кошаркарската федерација: Првенството започнува на 31 октомври

Реклама