Dark Mode Light Mode
Починал возачот кој вчера удри во дрво на„Рузвелтова“, му се слошило за време на возењето
Поразително: Без возачка дозвола возеле 60 лица, 63 возила биле неисправни и нерегистрирани
Казнети 628 лица за неносење маски

Поразително: Без возачка дозвола возеле 60 лица, 63 возила биле неисправни и нерегистрирани

Поразителни резултати пак донесоа вчерашните контроли на полицијата на скопските улици. Полициските службеници изрекле вкупно 467 санкции на граѓаните кои направиле најразлични прекршоци.

-Санкции за возење без возачка дозвола се изречени на 60 лица, имало 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 мерки за непрописно паркирање и 60 возила подигнати со пајак. Изречени биле и 46 казни за неносење на заштитна маска, соопшти полицијата.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Починал возачот кој вчера удри во дрво на„Рузвелтова“, му се слошило за време на возењето

Next Post

Казнети 628 лица за неносење маски

Реклама