Dark Mode Light Mode

Дежурниот телефон кога е дежурен?

Акцијата за собирање на остатоците од бербите која ја организира Градот Скопје лани дала добри резултати. Тогаш беа собрани околу 700 кубни метри отпад кој, доколку, беше запален од сопствениците значително ќе го загадеше градскиот воздух. Акцијата продолжи годинава, а при крајот на минатиот месец скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги повика граѓаните се јавувата на дежурниот телефон 071 395 – 395 за да договорат бесплатно подигање на органски отпад од нивните имоти.

Е тука, веќе се појави проблем. Граѓаните кои сакаат да ја искористат оваа услуга се пожалија на „Скопско ехо“ дека на тој телефонски број со денови никој не им одговара.

– На дадениот телефон никој не одговара со денови, Град Скопје не одговара на пораките на ФБ. Како очекуваат да не се пали ако ваквите акции постојат само на хартија?, ни напиша една читателка.

Реклама

Проверивме и самите па денеска ѕвоневме на посочениот телефонски број. Резултатот беше ист: никој не одговараше иако се обидовме четири – пет пати.

Значи, акцијата е добро осмислена, ама време е и спроведувањето да се подобри.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тешко повреден малоленик, го удрило возило во Чаир

Next Post

Едно лице починало друго е тешко рането при масовна тепачка во Прилеп

Реклама