Физичка пресметка на две групи лица по која едно лице починало, а едно е тешко повредено, се случила синоќа во прилепската населба Тризла, информира полицијата.
-Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди нанесени од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница – Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај лицето Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на Јавен Обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција, се наведува во информацијата.
Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух да ги спречи лицата во понатамошната пресметка.