Dark Mode Light Mode

„Цитроен“ се разнел во дрво на “Рузвелтова“, двајца тешко повредени

Возилото „цитроен Ц4“ е речиси целосно уништено по силниот удар во дрво на улицата „Рузвелтова“ во централното градско подрачје. Сообраќајката се случила попладне околу 16.30 часот. 

Од силината на ударот две лица се тешко повреди.

– Во 16:38 пријавена е сообраќајка меѓу автомобил Цитроен и Опел. До сега две лица се пренесени во ургентен, велат од МВР.

Реклама

Истрагата се уште е во тек.

-Очигледно е дека возилото брзо се движело. Не знам од кои причини скршнало од патот и удрило во дрво, ни изјави еден граѓанин кој бил на лице место и ни ги достави фотографиите од удесот.

Тој наведува дека среќна е околноста што возилото удрило во дрво бидејќи, доколку продолжило да се движи, ќе удрело во блиската аптека на „Зегин“ или казиното во нејзината близина. Од силината на ударот уквално биле „изметени“ повеќе заштитни столпчиња на тротоарот и блокатори за паркинг-места.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Анализа: Сега од вирусот најмногу заболуваат лица на возраст од 30 – 39 години

Next Post

Министерството за здравство со извинување: Извештајот за заразени доцни

Реклама