Dark Mode Light Mode

Умерено облачно со сончеви периоди, вечерва дожд

Умерено облачно со сончеви периоди, а во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од дожд, најавуваат метеоролозите за денеска на скопското подрачје. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне под влијание на влажен бран во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, каде локално ќе наврнат над 30л/м2. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Монодрама на светската актерка Алина Сербан на годинешниот Ромски театарски фестивал

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Македонска пошта е новиот бонбона бизнис на мафијата на власт

Реклама