Dark Mode Light Mode

Верувајте, овој пат „Лајка“ навистина се отвори

Долгоочекуваниот стационар за грижа за бездомните животни „Лајка“ денеска почна со работа. Конечно, по долги ветувања и најави со конкретни датуми кои никогаш не дојдоа, се до денеска.

На денешното означување на почеток на работата на Јавното претпријатие за грижа за заштита на бездомните животни –„Лајка“ скопскиот граодначалник Петре Шилегов изјави дека се работи за комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди и кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење.

-Во рамките на „Лајка“ ќе се спроведува тестирање, вакцинирање, стерилизирање / кастрирање и чипирање на секое од кучињата. Објектот располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума  низ игра и забава добиваат прилика да стекнат навики за ресоцијализација, објасни Шилегов.

Реклама

Во рамки на стационарот постои и и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат едукација, како и прилика за вдомување на некое од кучињата.

-Со овој проект, наша цел е „Лајка“ да прерасне во првото место на кое ќе помислат граѓаните кои сакаат да вдомат куче, рече тој.

Шилегов неодамна процени дека на подрачјето на градот има околу 2.500 бездомни кучиња. Но, активистите за заштита на животните сметаат дека има многу повеќе. Овие животни неретко напаѓаат граѓани кои стануваат искасани, по што ги тужат градските власти…

Да се надеваме дека ова ќе се реши.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ракометот се враќа на терен

Next Post

Од утре радијаторите ќе бидат топли, колку, ќе зависи од времето надвор

Реклама