Dark Mode Light Mode

Каде брзале 108 скопски возачи кои добија казна?

Пребрзото возење и натаму е најчест прекршок што го прават скопските возачи. Тоа го покажа и вчерашната контрола во текот на која на територијата на град Скопје изречени се вкупно 339 санкции.

а возење без возачка дозвола казнети се  22 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење казнети се 108 возачи. За технички неисправни и нерегистрирани возила казнети се 16 возачи. Исто така, казнети се и седум мотоциклисти, изречени се 73 мерки за непрописно паркирање и 84 казни за неносење на заштитна маска, се наведува во информацијата на МВР.

Брзото возење низ Скопје добива загрижувачки размери, а не е јасно каде толку брзаат возачите. Или пак трките им се во крвта, особено затоа што полицијата долго не ги гонеше како што треба?

Реклама

Добро е што сега МВР укажува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сончево со мала облачност

Next Post

Историјата е наша, ама бруката е ваша!

Реклама