Dark Mode Light Mode

1.000 метри од улицата „Васил Ѓоргов“ ќе се реконструираат 45 дена

Градските власти денеска почнаа со реконструкција на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Капиштец, на потегот од „Рузвелтова“ до улицата „Водњанска“ што е должина од еден километарРеконструкцијата опфаќа обновување на коловозот во должина од околу 1.000 метри, санирање на оштетените делови од тротоарите, замена на оштетените рабници, како и корекции на крстосницата со „Рузвелтова“. Вредноста на проектот е околу 20 милиони денари со вклучен ДДВ, а реконструкцијата треба да биде завршена во рок од 45 дена.

– Реконструкцијата на улицата „Васил Ѓоргов“ е тринаесетта по ред која Градот ја започна во оваа градежна сезона. Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани за покажаното трпение и разбирање за неопходноста од ваквата интензивна градежна офанзива –потенцира денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој не објасни зошто е потребно реконструкцијата да трае месец и пол дена со оглед на фактот дека не се работи за голема делница, ниту пак за изградба на новата улица туку само за реконструкција.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Лајка“ никако да проработи, а веќе се бара разрешување на директорката

Next Post

Продолжува црниот биланс: Починаа четири пациенти, 162 лица се новозаразени од вирусот

Реклама