Dark Mode Light Mode

Историјата е наша, ама бруката е ваша!

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова:

Изминатите денови слушнавме многу нешта од претставниците на највисоката северна власт, а впечаток ни остави, нивното разбирање за: „историјата“, „фактите“ (бугарски), „црквата“, „мојата земја“, „нашиот народ“. Да почнам со ред!

Историјата е наука што се занимава со причините и последиците, во одредено време, простор и услови. Во нејзината научна дејност, секогаш доминира критичката анализа на изворите, документите и фактите. Процесите, настаните и личностите се разгледуваат и толкуваат само во контекстот на конкретното историско време.  Но, има и обратни примери – денешниот вредносниот систем на една култура и сфаќање, да биде „мерен инструмент“ за минатото, неговите вредности и поимања.

Реклама

Последново е сè поактуелно во наративот на северно-политичките претставници (и нивните комисии) во обид на промовирање на одредена политичка намера – подведување на македонската посебност и суштина, ѓоа заедничка – под туѓа етикета, обележје. Можеби, оттука е и грижата на „нашите паши“ за туѓите факти, да не се тие нечии маши!?

Ова некако потсетува на Орвеловата мисла, дека најефикасниот начин за уништување на еден народ е да се негира и уништи неговото соспствено поимање на својата историја. Факти за македонската особеност во историјата има, еве два-три!

Во 1891 г. митрополитот Т.Гологанов, настојувал да се обнови „стародревната Охридска Архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 г. … желбата произлегува од историското право на македонскиот православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на туѓинските цркви, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, да се обедини во своја единствена православна црква и ги добие сите белези на народ кој има право на самостоен духовен и културно-просветен живот.“

Српскиот учен С.Новаковиќ (1888), забележал:„ ако прашањето би се извадило од политичката сфера, па би се погледнало научно и академски – би можело… да се најде дека Македонците ја заземаат преодната алка помеѓу Србите и Бугарите… во тоа Македонија личи на Малорусите, кои така стојат меѓу Русите и Полјаците“.

Сведовштва многу, но на крајот, едно и за Г. Делчев.

Револуционерт К. Веселинов, запишал (1940): „ и македонскиот народ во епохата на своето национално оформување исфрли од својата средина еден таков национален херој – Гоце Делчев, кој целиот свој живот се бореше за слобода и независност на Македонија и со својата крв ги циментира основите на македонската ослободителна борба“.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Каде брзале 108 скопски возачи кои добија казна?

Next Post

Расте бројот на казни: 890 граѓани удрени по џеб за неносење маски

Реклама