Dark Mode Light Mode

Нaпаднат полицаец на булевар „Словенија“ од возач и тројца сопатници

Полициски службеник вчера околу пладне бил нападнат додека извршувал должност од возач и тројца негови сопатници, информира МВР.

Во соопштението се наведува дека на 28.09.2020 околу 12.40 часот на бул.„Словенија“ во Скопје, на влез за с.Визбегово, полициски службеници сопреле патничко возило „Дачиа дастер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(54) од Скопје, во кое сопатници биле три лица. Притоа, полициските службеници констатирале прекршок и му издале записник на возачот.

-Малку подоцна, на бул.„Словенија“, во близина на крстосницата со магистрален пат Скопје-Блаце, на службеното возило управувано од полициските службеници му бил пресечен патот од возилото „Дачиа дастер“ и од него излегол И.И. и трите лица, од кои едно од нив физички нападнало полициски службеник. Набргу потоа, возачот и другите лица биле пронајдени и приведени во полициска станица. Станува збор за А.И.(51), Р.И.(56) и М.И.(53), сите од Скопје, се наведува во информацијата.

Реклама

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во државната управа ќе се работи од 8 до 16 часот

Next Post

Општина Центар целосно ги дезинфицира основните училишта

Реклама