Dark Mode Light Mode

Филипче ги видел и ги разбрал трите медицински сестри кои дадоа отказ на Инфективна

Tрите медицински сестри од Инфективната клиника кои си дадоа отказ, утрово се сретнале со Министерот за здравство, Венко Филипче. Како што објавува министерот, тие се договориле после одморот што го земале повторно да разговараат и да најдат начин да останат да работат во клиниката.

-Утрово се сретнав со колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната Клиника. Тие изминативе седум месеци се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со Ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам се за да ги мотивирам здравствените работници, напиша Филипче.

Главната медицинска сестра на Инфективна клиника, Зорица Љубичиќ Митиќ, вчера дала отказ на работното место, а тоа претходно го сториле уште две медицински сестри од клиниката.

Реклама

-Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим, напишала Љубичиќ Митиќ во отказното писмо упатено до раководството на Инфективна.

Останува прашањето, зошто министерот Филипче не знаел дека има незадоволство кај дел од медицинскиот персонал на Инфективна и зошто наместо сега, не се сретнал за да ги разбере медицинските сестри порано.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Уште еден пораз за Филипче, медицинскиот персонал си дава откази

Next Post

Се одбележува празникот посветен на светите маченици Вера, Нада и Љубов и мајка им Софија

Реклама