Dark Mode Light Mode

Си дадоа отказ главната и уште две сестри од Инфективна, причина: непочитување

Три медицински сестри си дадоа отказ на Клиниката за инфективни болести. Се работи за главната и уште две други. Нивните писмени барања до директорката на клиниката, односно до управата. Во барањето на главната сестра, инаку според датумот поднесено на 21 септември, е наведена и причината за отказот или како што таа вели заради „непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра“.

-Барам да ми го прифатите отказот од работа, со претходна најава од месец дена, во кој период ќе го користам годишниот одмор од 2019 и 2020 година. Причините да ја напуштам клиниката по 28 години професионална работа се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважната алка во медицинскиот тим – наведува главната медицинска сестра во нејзиното барање до раководството на Инфективната клиника.

Реклама

Двете медицински сестри пак отказите ги дале завчера, на 28 септември, но кај нив не стојат причини туку конкретно е наведено дека до истекот на законските 30 дена отказен рок имаат денови од одмор за да користат. Станува збор за една медицинска сестра на Оддлението за Ургентна инфектологија, а другата од Одделението за неуроинфекции.

Се очекува во текот на денот објаснување од раководството на инфективната клиника,  но и од министерот за здравство, зошто во време кога се очекува влошување на ковид-состојбата да се намалува на овој начин клучниот персонал на клиниката.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Општина Центар целосно ги дезинфицира основните училишта

Next Post

„Шпански танц“ од звуците на македонска филхармонија утре во 20 часот

Реклама