Dark Mode Light Mode
Секој втор од 286 казнети возачи возел пребрзо во Скопје
ВМРО-ДПМНЕ: Само во Македонија во болница не примаат заболени од Ковид-19 оти биле „стари луѓе“
Притвор за дрвокрадците - тепачи на петте полицајци

ВМРО-ДПМНЕ: Само во Македонија во болница не примаат заболени од Ковид-19 оти биле „стари луѓе“

Бројката од 725 починати е сериозен аларм дека во државата не функционира здравствениот систем, соопштија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија секојдневните троцифрени бројки од заболени од КОВИД-19 се доказ дека министерот Венко Филипче, не се грижи за здравјето на граѓаните.

-Додека Филипче гради згради низ Скопје, граѓаните заболени од КОВИД-19 умираат. Наместо владата да побара одговорност од министерот за зараза и смрт, таа го наградува со сомнителни тендери, се потенцира во партиското соопштение.

Реклама

Според ВМРО-ДПМЕ, бројката на заразени од КОВИД-19 изнесува 17.629 и е доказ дека владата на Зоран Заев не е подготвена за вториот бран на овој вирус.

-Оваа бројка не влева оптимизам дека граѓаните се во сигурни раце. Оваа бројка единствено е доказ дека граѓаните се препуштени сами на себе. Сами да се грижат за своето здравје. Македонија е единствена земја во Европа каде заболени од КОВИД-19 не се примаат во болниците затоа што биле „стари луѓе“ , а ги нема ниту најавените 16-те монтажни болници чии постапки до сега требаше да се распишат. Очигледно здравствениот систем нема доволно капацитети, иако по изјавите на Филипче тие беа доволни, па сега нелогично се оневозможува хоспитализирање на новозаболени од коронавирус, стои во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Секој втор од 286 казнети возачи возел пребрзо во Скопје

Next Post

Притвор за дрвокрадците - тепачи на петте полицајци

Реклама