Dark Mode Light Mode

Четири пациенти починале од вирусот, новозаразени се 48 лица

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 48 нови случаи на корона вирус од 387 теста, а починаа четири лица. Ова пред малку го соопштија од Министерството за здравство.

Во Скопје се потврдени 20 нови случаи, во Кочани – девет, во Струмица – четири, Куманово и Прилеп по три нови случаи. По два случаја се потврдени во Виница и Свети Николе и по еден нов случај во Дебар, Тетово, Пробиштип, Пехчево и во Делчево.

Во болнички услови се починати четири пациенти, од Скопје двајца пациенти на возраст од 73 и 62 години, од Куманово пациент на 69-годишна возраст и од Тетово пациент на 72-годишна возраст.

Реклама

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 70 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се четири деца и три мајки позитивни на Ковид-19, седум деца и седум мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се тројца, а вкупно хоспитализирани се 36 пациенти. На респиратор се шест пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 17, а во болницата во Штип – 36 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 173 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Триумфалната порта си има мака, ама стои и чека

Next Post

МОН: Се работи на оптимизација на платформата за настава

Реклама