Dark Mode Light Mode

Спасовски: Зголемените контроли ги намалија сообраќајните несреќи

Утрово имав брифинг на оваа тема, имаме намалување на сообраќајните незгоди во периодот во изминатите 10 дена, а тоа значи дека контролите даваат резултати, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој вака одговори на новинарското прашање дали се гледаат ефектите по засилените сообраќајни контроли кои две недели се преземаат на подрачјето на Скопје и во останати делови од Македонија.

-Прво се покажало оти немањето континуитет во работењето на сообраќајната полиција претставува сериозен проблем. Ќе мора сериозно да се справуваме не само со зголемена брзина на движење во сообраќајот и не само со лица кои имаат користено алкохол и психотропни супставнци, туку сериозен предизвик ќе биде како и на кој начин да се реши проблемот со нерегистрирани возила и управувањето моторно возила без возачка дозвола, рече министерот.

Реклама

Тој додаде дека за ова веројатно ќе биде потребна и одредена законска измена, што ќе придонесе да бидеме малку по ригорозни во овој дел и сето тоа да даде поголеми ефекти.

Спасовски повтори дека проектот за поставување камери на крстосници и „боди камерите” на полицајците е еден од најголемите предизици на него лично и на МВР.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МОН: Се работи на оптимизација на платформата за настава

Next Post

Како му текна на Инспекторатот за депонијата под Кале?

Реклама