Dark Mode Light Mode
Дрога пронајдена кај гости во велешки локал
Учењето онлајн во Македонија е едукација, ама и отворена дискриминација на децата
Спој на актери од 5 држави во „Револуција во живо“ на 30 септември

Учењето онлајн во Македонија е едукација, ама и отворена дискриминација на децата

Најголем дел од училиштата во Македонија добиле пораки од министерството за образование дека во вторник во 10 часот треба секое дете што ќе ја користи националната платформа за учење онлајн, задолжително да се вклучи за да се направи прва проба на нејзината функционалност.

Први реагираа родителите:
-На работа сме, како е можно на нив како што им текнува кога тие ќе си бидат во можност децата да ги тестираат? А кој ќе им помогне на децата да се вклучат кога и јас и маж ми сме на работа тоа време?!, пишува на електронската пошта на „Скопско ехо“ една загрижена мајка.

Но ова е мака од вчера, по писмото од МОН. Другата трае со месеци, за неа секојдневно алармираат родителите но како да се нема слух. Имено, што е со тие деца кои добија лозинки и кориснички имиња, а немаат компјутери.

Реклама

-Татко сум на две деца, сопругата ми почина. Одвај крпам крај со крај. Големото ми вели „тато сите другарчиња ми добија лозинки, за мене нема?“…Срцето ми се скина како да му кажам дека немам пари за компјутер, а не па за интернет, коментира на нашата имеил адреса, човек кој сакаше да остане анонимен.

Дел од родителите и јавно по медиумите раскажуваат дека им стигнало писмо од управата на училиштето со точни насоки за тоа колку модерен компјутер им треба за децата да можат беспрекорно да следат настава.

– Изгледа државата не сака да ги едуцира туку отворено да ги дискриминира децата- заклучуваат родителите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дрога пронајдена кај гости во велешки локал

Next Post

Спој на актери од 5 држави во „Револуција во живо“ на 30 септември

Реклама