Dark Mode Light Mode

Конечно, откако беа подбуцнати, инспектори казнуваа за непрописно паркирање на кејот

Инспекторатот на Град Скопје денеска, од рано наутро, спроведува акција за санкционирање на непрописно паркирани возила на јавната површина на кејот „13 Ноември“, на потегот од хотелот „Холидеј ин“ до плоштадот „Македонија“.

-На овој потег се забележани поголем број несовесни возачи кои го злоупотребиле јавниот простор за да ги паркираат своите возила, иако на оваа локација паркирањето е забрането. Затекнатите прекршители се опоменати и им е изречена глоба. Досега се изречени 21 глоба, информираа денеска од Град Скопје.

Конечно. Но, индикативно е што акцијата се спроведува откако неколку дена на социјалните мрежи имаше реакции на граѓаните за тоа што се случува на кејот. Граѓаните во континуитет споделуваа фотографии од непрописно паркирани возила поставувајќи прашање зошто надлежните градски служби ова го толерираат. Така, може да се каже дека и денешната акција е исповоцирана со реакциите на граѓаните. Заради тоа прашање е дали по акцијата работите ќе се вратат „на старо“.

Реклама

Од Градот Скопје највауваат дека акцијата заедно со општина Центар ќе трае континуирано, подолг временски период. Останува да се види дали тоа и ќе се случи?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пановски: Против сум да се носат постојано маски на отворено, ќе има реперкусии на органите за дишење...

Next Post

Пендаровски: Гоце Делчев нека го чествува кој сака, тоа може само нас да ни прави поголем мерак

Реклама