Dark Mode Light Mode

Полицијата прикочила 164 брзи возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден засилено правеше контроли во областа на сообраќајот.

Во Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 393 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 164 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22, 16 санкционирани мотоциклисти, 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила подигнати со пајак (вкупно 177), а изречени се и 37 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Една клупа, илјада пцости

Next Post

Обвинителката Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

Реклама