Dark Mode Light Mode

5 пациенти починале од вирусот, новозаразени се 183 лица

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19. Ова го соопштија од Министерството за здравство довајајки каде се новозаразените: Скопје – 51, Куманово – 7, Дебар – 4, Штип – 1, Прилеп – 15, Тетово – 13, Струга – 4, Велес – 3, Битола – 6, Охрид – 5, Кавадарци – 5, Гостивар – 9, Гевгелија – 3, Струмица – 7, Крива Паланка – 4, Радовиш – 3, Кочани – 20, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 3, Валандово – 3, Виница – 4, Делчево – 5, Свети Николе – 3, Ресен – 2.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51 г.), од Дебар (68 г.), од Крива Паланка (58 г.), Радовиш (71 г.) и пациент од Кочани (66 г.). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти.

Реклама

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати се 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6680, активни 598
• Куманово 1708, активни 188
• Дебар 280, активни 39
• Штип 1234, активни 53
• Прилеп 639, активни 127
• Тетово 1400, активни 178
• Струга 654, активни 64
• Велес 312, активни 38
• Битола 280, активни 58
• Охрид 414, активни 52
• Кавадарци 220, активни 35
• Гостивар 917, активни 107
• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 191, активни 122
• Крива Паланка 102, активни 29
• Радовиш 74, активни 23
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 286, активни 117
• Пробиштип 106, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 42, активни 8
• Берово 87, активни 27
• Валандово 20, активни 11
• Виница 103, активни 29
• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 3
• Свети Николе 319, активни 20
• Кичево 313, активни 35
• Ресен 162, активни 14
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1769 теста се преку: ИЈЗ – 603, ЦЈЗ Скопје – 52, Авицена – 334, Биотек – 121, МАНУ   -129, Жан Митрев (Филип Втори) – 154, Систина со PCR метода – 127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола – 45, Инфективна клиника – 6, ГАК – 12, Синлаб – 118, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пендаровски: Гоце Делчев нека го чествува кој сака, тоа може само нас да ни прави поголем мерак

Next Post

Да платам данок на имот, сметки или компјутер за онлјан учење, што попрво?!

Реклама