Dark Mode Light Mode

Кога под контрола ќе се стави прашината од градилиштата?

 Последниве недели имав прилика да поминам покрај повеќе градилишта во градот. Најголемо е она зад трговскиот центар „Рамстор“ на кое се прават повеќе висококатници и подземната сообраќајница. А големи се и градилиштата на станбени десеткатници во Аеродром каде што најмногу се гради и во Центар, Кисела Вода… Сите тие имаа една заедничка карактеристика: кубици и кубици прашина секојдневно се креваат од нив. Топло и суво време ја исушува земјата, а багерите и камионите што работат со неа создаваат вистински облаци од прашина која што се шири наоколу а ја вдишуваат граѓаните кои поминуваат тука.

Проблем е, значи, во тоа што од градилиштата граѓаните ги труе прашината. Односно, проблем е зошто надлежните на градилиштата не преземаат ништо да се намали создавањето на прашината. Зошто никој таму не дава задолженија со вода да се прскаат земјените површини на кои се работи, зошто не се прскаат влезовите на градилиштата и излезите каде тие се спојуваат со градските улици, зошто не се мијат гумите на камионите… Сето тоа не се прави, а не гледам дека нешто се менува што значи дека овие градилишта инспекциите одамна не ги посетиле и казниле за тоа што креваат толкава прашина над градот.

Во градот како да не навикнале ваквите контроли да се прават само во зимскиот период кога настапува поголемо загадување. Тогаш ќе се воведат некакви итни мерки меѓу кои и некои за градилишта. Но, такви мерки треба да важат цела година а не само тогаш. Оти граѓаните треба да имаат чист воздух секој ден.

Реклама

Петар Т. пензионер од Скопје

Почитувани,
Преку рубриката „СКОПЈЕ КОМЕНТИРА” можете да испратите пораки до скопските градоначалници или други функционери кои земаат државна плата за се она што мислите дека треба да го поправат, доправат, направат, исчистат… или пак да ги пофалите за нешто добро сработено. Сите ваши фотографии и краток коментар може да ни ги испратите на е­маил: skopskoeho @yahoo.com.Во зависност од просторот и соодветноста на пораките Редакцијата на „СКОПСКО ЕХО” поголемиот дел од нив ќе ги објави во весникот, а сите на порталот sk.kuku.mk/.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дебелината кај децата - сериозен проблем за здравјето

Next Post

Апсење пред тетовската болница

Реклама