Dark Mode Light Mode

Михајло Миноски: Бугарскиот меморандум е чин на непријателство, сега останува јавноста да реагира

„Скопско Ехо“ праша што мисли професорот и историчар Михајло Миноски за бугарскиот меморандум упатен до земјите членки на ЕУ во кој се тврди дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до 2 август 1944 година:

-Бугарскиот Меморандум не може да се оцени освен како непријателски чин кон македонскиот народ и македонската држава. Тој не е никакво изненадување и само ја одразува политиката која во континуитет ва спроведува Република Бугарија кон Република Македонија. Со него само се разгорува анимозитет меѓу двата народа.

Ова беше очекувано бидејќи уште кога се потпиша договорот меѓу двете земји не беше тајна дека ќе се поставуваат бројни условувања во однос на наша европска интеграција.

Реклама

Што сега да се прави не е веќе прашање за Владата. Таа си го потпиша договорот и не верувам дека таа веќе може нешто да влијае. Останува тогаш на јавноста да реагира, да го осуди тој чин оти тоа е акт на трајно непријателство, останува да реагира и опозицијата и други групи кои не се согласуваат со ова што се случува, а што ќе продолжи и во иднина со други условувања, вели Миноски. 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во регионот тече школската година, во Македонија течат обуките на наставниците за платформата за онлајн настава

Next Post

Црниот биланс не запира: 7 пациенти починаа, а 186 се новозаразени со вирусот

Реклама