Dark Mode Light Mode
22-годишен работник од Скопје загина во кумановска фабрика
Во регионот тече школската година, во Македонија течат обуките на наставниците за платформата за онлајн настава
Михајло Миноски: Бугарскиот меморандум е чин на непријателство, сега останува јавноста да реагира

Во регионот тече школската година, во Македонија течат обуките на наставниците за платформата за онлајн настава

Откако во скоро сите земји во регионот започна учебната година и во Македонија започнаа да се подготвуваат за нејзин почеток. Имено, Министерството за образование и наука, во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Бирото за развој на образование ги спроведува обуките на наставниците коишто ќе бидат училишни обучувачи за користење на Единствената национална платформа за онлајн настава.

Обуката ќе трае од денес до сабота и со неа се опфатени 1.600 наставници и резервни наставници коишто понатаму ќе треба да го пренесат знаењето за користење на платформата на своите колеги во училиштата.

Предавањата на училишните обучувачи ги одржуваат триесет национални обучувачи кои беа избрани од редовите на наставниот кадар во основните и средни училишта од различни општини во земјата. Мастер тренерите претходно ги поминаа потребните обуки за да може да го пренесуваат знаењето и вештините за платформата.

Реклама

Пред официјалното пуштање на платформата во употреба на први октомври годинава ќе претходат низа тестирања.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

22-годишен работник од Скопје загина во кумановска фабрика

Next Post

Михајло Миноски: Бугарскиот меморандум е чин на непријателство, сега останува јавноста да реагира

Реклама