Dark Mode Light Mode
Нов случај на дете заразено со корона вирус по oтворање на градинките
Елка Јачева Улчар: Крајно време е државните институции да одговорат на уцените како што е бугарскиот меморандум
Силувано 17-годишно девојче во Скопје

Елка Јачева Улчар: Крајно време е државните институции да одговорат на уцените како што е бугарскиот меморандум

„Скопско Ехо“ праша што мисли научниот советник во Институтот за македонски јазик Елка Јачева Улчар за бугарскиот меморандум упатен до земјите членки на ЕУ во кој се тврди дека Македонците се проект на Тито, а македонскиот јазик не постоел до 2 август 1944 година:

-На Меморандумов гледам како на уште една уцена и загроза на основното човечко право на самоопределување, што во низа ни се испраќаат од страна на нашиот источен сосед, почнувајќи од: Декларицијата на Бугарското собрание во октомври минатата година, преку книгата „Официјалниот јазик на Репулика Северна Македонија“ во издание на Бугарската академија на науките во почетокот на оваа година, на која соодветно одговрија лингвистите од Институт за македонски јазик „Крсте Мисрков“ и Македонската академија на науките и уметностите.

Сметам дека е крајно време (ако не е и заминато) на овие провокации, уцени и негирања на македонскиот јазик, на македонската историја и на македонската држава соодветно да одговорат и македонските политички државни институции, како што се: Министерството за надворешни работи, Секретаријатот за европски прашања при Владата на РМ, како и Македонското собрание, вели Јачева Улчар.   

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нов случај на дете заразено со корона вирус по oтворање на градинките

Next Post

Силувано 17-годишно девојче во Скопје

Реклама